Беличани македончишта! Пред Водици село Белица се украсува со сонца од Кутлеш (ФОТО)

Во пресрет на големиот христијански празник Богојавление Водици, куќите и улиците во село Белица, кичевско, се украсуваат со знамиња со 16-кракото сонце од Кутлеш.

Голем број знамиња осамнаа денеска во селото, а беличани на Фејсбук напишаа:

“Денес пред големите водичарски празници насекаде низ селото се поставија македонските знамиња, скоро во секоја населба и голем број куќи. Нека е напомош и вечно да се слават македонските православни празници. Да живее Белица и Републиката Македонска”, напишаа на Фејсбук страната “Белица”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.