Белгија не е Македонија: Докторите со завртен грб ја пречекаа премиерката поради негрижата за здравството (Видео)

Белгија за време на светската пандемиja предизвикана од кopoнавиpycoт се најде на самиот врв по бројот на зapaзени и поч инати по глава на жител

Медицинските работници во болницата “Свети Петар” во Брисел на белгиската премиерка, Софи Вилемс, и’ завртија грб, при нејзината службена посета во оваа болница.

Овој гест на здравствените работници во болницата е во знак на протест поради постапките на владата кон здравствениот сектор.

Докторите и медицинскиот персонал формираа цел “шпалир за дочек” и го завртија грбот во моментот кога доаѓаа службените возила.

На властите им се забележува тоа што го намалиле буџетот за здравството, малите плати, недостатокот на медицински персонал и намерата за дополнително ангажирање на неквалификувани кадри, наместо медицински сестри.

Погледнете:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.