Крушево нуди прекрасни услови за скиjaње од декември до почетокот на март. Скијачките терени се наоѓаат непосредно до самиот град на надморска височина од 1400 метри. Погодни се за скијачи професионалци како и за скијачи почетници. Градот е поврзан со ски центарот и скијачките терени преку жичницата. Скијачките терени се наоѓаат на месноста Станич.
Последните снежни врнежи го исполнија Крушево со гости од сите краеви на земјата. Во белата бајка уживаат сите. Екипата на маркукуле.мк го посети Крушево изминатиот викенд, со цел да ве потсетиме дека Крушево е секогаш убаво, со далеку поприфатливи цени за храна и престој. Она што многумина го бараат надовр од Македонија, го имаме тука.
[Best_Wordpress_Gallery id=”429″ gal_title=”Krusevo2017″]