Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп демантира дека ја негирала информацијата оти американски носач на авиони и други воени бродови се упатиле кон Корејскиот Полуостров.
Според Белата куќа, никогаш не бил соопштен датум на пристигнување, а бродовите од групата се на пат.
Трамп на почетокот на минатата недела изјави дека пратил „армада“, како предупредување до Северна Кореја, имајќи ја предвид ударната група на носачот на авиони „Карл Винсон“, кој се покажа дека се уште е далеку од Корејскиот Полуостров и оти пловела во спротивна насока.
Пацифичката команда по тоа појасни дека ударната група прво требала да учествува во воена вежба во Австралија, но веќе била насочена кон Западениот Пацифик.
– Претседателот кажа дека имаме армада, која плови кон Полуостровот. Тоа е факт. Така и се случи. Поточно кажано, така се случува, изјави портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.
Првично американските воени власти соопштија на 10 април дека адмиралот Хари Харис, началник на Пацифичката команда и наредил на групатана „Карл Винсон“ да отплови на север кон Западен Пацифик.
Но, на 15 април групата прво се упатила во друга насока, а американската Воена морнарица дури објавија снимка, која покажува како „Карл Винсон“ преминува преку Сундскиот Проток на пат за вежби во Австралија.