Ниту Белата куќа ниту Советот за национална безбедност претходно биле информирани дека амбасадорот во Македонија Џес Бејли планира да го признае „новиот претседател на Собранието за време на хаотичната сесија проследена со протести“ во четвртокот попладнето, објави Балкананалајзис.ком.
Со оглед на доаѓањето на заменикот државен секретар ХојтЈи кој беше ставен на позиција за време на администрацијата на Обама, да го поддржи Бејли за изборот на претседател на собранието, ова создава грижи за тоа кој ја води американската надворешна политика во време кога Балканот е подготвен да експлодира со зголемен национализам воден од мешање на надворешна политика. Исто така се поставува прашањето за штетата која ја направи амбасадорот Бејли врз американската дипломатија во земјата откако започна кризата во 2015 година.
Дали амбасадата одлучи да дејствува независно?
Белата Куќа на Трамп беше изненадена од одлуката на американската амбасада во Македонија, а и националниот совет за безбедност не беше задоволен со резултатот. Ова го потврдија високи американски претставници. Други извори од Европа и САД претставија докази кои сугерираат дека Бејли -можеби најнепопуларниот Американец кој некогаш стапнал во Македонија одлучил да настапи независно работејќи со мал број на лица од поранешната администрација на Обама и УСАИД.
До ден денес, американската амбасада не даде задоволителен одговор за нашите грижи во однос на тоа кој ја овластил одлуката на Бејли или кој е одговорен за посетата на ХојтЈи. Овие официјално напишани прашања не добија одговор и се надеваме дека ќе го поставиме прашањето директно за време на посетата на Ји во Скопје во понеделник, пишува Балкананалајзис.ком.
Контраверзното соопштение на Бејли
По внимателно координираните настани од четвртокот, американски и европски дипломати веднаш му честитаа Талат Џафери, етнички Албанец и поранешен член на ОВК кој беше номиниран на 27-ми март од СДСМ, за тоа што беше избран за претседател на собранието – прв чекор потребен за формирање на Влада која веројатно ќе биде слаба. Изборот се направи преку гласање, без писмен извештај и вклучуваше интонирање на албанската национална химна. Според македонските закони, претседател на собранието станува претседател на државата, доколку претседателот е убиен или сменет од функција, а не е невозможно дека СДСМ ќе се обиде да му направи импичмент на претседателот Иванов со што би овозможиле да дојде до таков резултат. Претседателот ја контролира војската и разузнавачките служби. Многу локални извори кои биле присутни за време на случувањата, се сомневаат дека тајмингот и провокативните делувања на СДСМ и албанските пратеници биле пресметани за да предизвикаат насилен одговор преку кој би изгледале како жртви како сличен настан од декември 2012 година.
За Бејли, македонскиот пацифизам беше многу иритирачки. Протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ беа мирни, за разлика од протестите на Шарена револуција на активисти на СДСМ финансирани од УСАИД. Но, демонстрантите од „За заедничка Македонија“ се заканија деќа ќе влезат во Собранието ако опозицијата се обиде да избере претседател на Собранието без да се откаже од Тиранската платформа ( збир на барања изработени во канцеларијата на албанскиот премиер Еди Рама. Ова предупредување му даде совршена можност на Бејли и неговите сојузници да создадат сценарио кое би гарантирало насилен исход и со тоа да се дискредитираат мирните протести.
Сепак, останува нејасно за тоа кој го извршил насилството, со тоа што партизираните ривали и медиумите претставуваат различни сценарија и докази. Сепак меѓународните медиуми кои во најголем дел ги игнорираа мирните протести, во најголем дел ја подржаа верзијата за настанатите на СДСМ и секоја од западните сили го осуди насилството инсинуирајќи дека е удар врз демократските процедури и имлицирајќи дека ВМРО ДПМНЕ се виновни.
Дополнително, настаните и помогнаа на американската амбасада на амбасадорот Бејли да ги пренасочи обвинувањата со кои се соочуваше пред случувањата во собранието.
Кој ја овласти одлуката на Бејли?
Без официјален одговор од Амбасадата ,невозможно е д асе знае што–доколку некој му наложил на Бејли дадејствува како што направи со признавањето на Џафери. Немаше голема итност за избор на претседател на собранието, бидејќи земјата беше мирна и преговорите се во тек. Но, за која било причина, Бејли е беше посветен да добие резултат.
Balkanalysis.com го информираше персоналот на амбасадата за комуникации во писмена форма дека ако нема одговор од нивна страна, ќе мора да се претпостави дека Бејли го направил изборот за признавањето по неговата сопствена волја. До денес не е поинаку наведено.
Мистериозното соопштение за Ји
Американската амбасада во 10:51 часот наутро на 26 април соопшти дека Ји ќе пристигне во земјата. Тоа беше денот непосредно пред одлуката во собранието и според мислењето на македонски експерти, крајно необично бидејќи вакви посети обично се одлучувани однапред.
Вотвитот, амбасадатасоопштидека Ји ќе допатува во Македонија на 1-ви мај, за да разговара со политичките лидери за формирање на влада, билатерални односи и реформи. Ова значи дека од тој датум, одредено сценарио е веќе претставено. Сепак, македонските власти беа премногу неспособни или премногу срамежливи да говоочат ова сериозно.
Освен протоколот за аберација, текстот гонаправи планот за посетата Ји особено мистериозен. Во тоа време во Скопје, немаше големо очекување дека Владаби се формирала наскоро, поради процедуралната блокада на ВМРО-ДПМНЕ иако лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се закани дека наскоро ќе номинира претседател на Собранието. Според тоа, немаше причина за сомнеждека одеднаш на 1 мај македонските партии ќе се разговараат за формирање на Влада со посета на американскиот бирократ.
Твитот на амбасадата го потврди сомневањето дека амбасадорот Бејли претходно испланиралнешто да се случи во Собраниетотокму во времето кога неговиот претпоставен ќе дојде да ја оправда неговата одлука.
Сепак, со оглед на тоа што Амбасадата на САД одбива да одговара за тоа кој и кога во Стејт Департментот го овластил тековното патување на Јиво Македонија, останува нејасно дали повисока инстанца во Стејт Департментотго испратила или дали Бејли го поканилда дојде и да обезбеди политичка поддршка за контроверзната одлука.
Доколку никој на повисока позиција од Ји не ја овластил неговата посета, тогаш тој во суштина доаѓа како турист, и неговите политички ставови се само мислења.
ПРОДОЛЖУВА…
Извор: kurir.mk