Заменик-министерот за одбрана на Р.Македонија, Беким Максути, при неговата посета на Р.Албанија „летал орли“, употребувајќи го поздравот кој означува „голема Албанија“ заедно со неговите колеги од регионот, пренесува Инфомакс.
Беким Максути, заменик-министер за одбрана, по потекло од тетовско Шипковица, на состанок во соседна Албанија го употребил спорниот поздрав со „летање орли“ кој претставува знак на „голема Албанија“.
Максути е заменик-министер во министерството за одбрана на Р.Македонија, што ваквиот потег го прави дотолку попроблематичен, особено во контекст на неодамнешните гледишта на високи претставници на НАТО, но и на Албанија и Косово за промена на границите на Балканот.