Проектот чија реализација започна минатата година, а моментално привршува, чини 850.000 евра
„Прилепско езеро- нови авантури, нови можности” е името на проектот кој се реализира околу прилепското вештачко езеро.
Проектот опфаќа патеки, клупи, корпи за отпадоци, осветлување, игралишта….
Иако се вложуваат огромни средства, се чини дека без чуварска служба во Прилеп и без постојано присуство на МВР на оваа локација, не бидува ништо.
Само две недели откако беа поставени се уништени кошевите од игралиштето за кошарка.
МВР дали се слушаме? Нека ова биде апел за зајакнување на полициското присуство на оваа локација, затоа што поголем број од граѓаните сакаат да уживаат во новите можности и се грижат за општокорисните добра.