Без лидер во одбраната, РК Прилеп повторно прими 37 голови

Иако изненадувањето беше во последен план, ракометните вљубеници во Прилеп очекуваа многу повеќе од нивниот тим во дуелот со поранешниот европски шампион Вардар, особено ако земе во предвид дека црвено-црните се далеку од нивото и квалитетот од пред неколку години.

Вардар синоќа во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко” имаше лесна задача и со 10 гола разлика триумфираше над Прилеп.

Крајниот резултат на семафорот беше 27:37 (12:19 на полувремето). Ова беше четврти пораз за прилепчани сезонава и втор последователен, после оној од минатонеделното гостување кај Бутел.

Прилеп мака мачи да пронајде соодветна замена за поранешниот капитен Филип Велески во одбраната, па токму затоа нивниот гол беше одново торпедиран. Во редовите на домаќинот синоќа најдобар поединец беше Никола Јеремиќ со 7 постигнати гола, а кај вардарци исто толку постигна Стефан Петриќ.

Во наредното коло Прилеп ја пречекува екипата на Тиквеш.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.