Без конкуренција: Никој не може да им одолее на жените родени во овој хороскопски знак

Станува збор за жените Близнаци. Дамите родени во овој знак се љубопитни, комуникативни, духовити и едноставно брилијантни. Едноставно не постои отворање на изложба, театарска премиера или каков било друг значаен настан што тие би го пропуштиле. Затоа и овие жени често се вработуваат во областа на медиумите за масовна комуникација.

Тие се непредвидливи и својата социјална и љубезна маска можат многу брзо да ја заменат со дистанцирана и арогантна. Жените Близнаци од својот потенцијален партнер бараат ментална компатибилност, со цел да им го задржат вниманието, бидејќи не дозволуваат игри со своето тело од страна на личност што не е способна да ги предизвика интелектуално.

Нивната непрекината желба за новини има негативно влијание на буџетот и често води кон ексцентричен изглед што истовремено е и резултат на егзибиционизмот што е типичен за Близнаците. Тие постојано ги прилагодуваат своите потреби, а истото се обидуваат да го направат и со партнерот. Промената е важен дел од нивниот живот, како и од психолошкиот развој.

Тие се спремни да го употребат сето „женско оружје“ – целиот шарм и привлечност со цел да го добијат тоа што го сакаат. Овие дами лесно се заљубуваат и затоа тежнеат кон идејата да имаат повеќе љубовници одеднаш. Лесно започнуваат разговор, посветени се на своите цели и способни се со шарм да ги маѓепсаат сите што ќе бидат во нивна близина. Тие се нешто како љубовен пијалак- штом ги пробате, веднаш ќе полудите за нив!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.