По минатонеделниот неочекуван пораз на гостувањето кај Водно, кошаркарите на Мега Баскет Прилеп викендов во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, го пречекуваат Работнички 2018, екипа која мора да се победи за да се држи ритам во екипите од врвот на табелата.
Натпреварот се игра утре (сабота) со почеток од 19:00 часот, а поддршката од прилепските вљубеници во кошарката како и секогаш е неопходна.
Мега баскет на овој натпревар ќе настапат без својот капитен и најдобар поединец, Стефан Стевананџија, кој има повреда на коленото, но дечките се мотивирани и веруваат во нов успех.
МОМЕНТАЛНАТА ТАБЕЛА ВО ВТОРАТА ЛИГА Е СЛЕДНА: Маџари, Соколи, Ангели и Црн Дрим 7, Мега баскет и Бутел 6, Борец, Работнички, МЗТ Уни банка, Охрид и Водно 5, Академија ФМП 4.