Безвременска убавина: Пејачката веќе 20 години изгледа исто, како воопшто да не старее (ФОТО)

Веќе неколку децении, пејачката Џенет Џексон успева да се одржи на самиот врв.

Неодамна, 52-годишната Џексон се појавила на еден настан во Холивуд и докажала дека нејзиниот изглед е незначително променет од деведесеттите години. Витканата коса и опуштената гардероба направиле пејачката да изгледа како да е во нејзините триесетти години.

Во медиумите се појави вест дека Џенет за првпат во кариерата ќе настапи на музичкиот фестивал Гластонбери, што би бил и нејзин прв настан во Велика Британија во последните осум години. Настапот е закажан за само неколку дена по одбележувањето на 10-годишнината од смртта на нејзиниот брат и кралот на поп музиката, Мајкл Џексон.

Инаку, Џенет за првпат стана мајка во јануари 2017 година, кога роди момче. Недолго потоа таа се разведе од сопругот, катарскиот милијардер Висам ал Манa.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.