Бедни 1.1% доверба за прилепскиот Градоначалник? На рамниште со Рамиз Мерко од Струга

Граѓаните се поделени во довербата за општините во кои живеат. Малку над половината (50,6%) имаат доверба за разлика од 47,5% кои немаат. Етничките Албанци (74,3%) и припадниците на другите заедници (59,1%) имаат поголема доверба во општините во кои живеат отколку етничките Македонци ((41,3%). Ова го покажаа резултатите од последното истражување на МЦМС „Доверба во Владата и локални избори“.

Тројцата најдобри градоначалници се: Митко Јанчев (Кавадарци), Арбен Таравари (Гостивар) и Максим Димитриевски (Куманово). За нив се изјасниле 10,5%, 7,5% односно 6,8% од испитаниците.

За градоначалникот на Прилеп се одлучиле само 1,1% од испитаниците, што го сместува Илија Јованоски на 20-то место, или на исто рамниште со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Целосното истражување на МЦМС можете да го погледнете ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.