Малата Франческа кога се родила во април минатата година имала само 620 грама, а нејзината мајка Викторија Бредли била во 24-тата седмица од бременоста. Според лекарите доколку бебето се родела само еден ден порано тоа немало да преживее, но современата медицина си го направила своето.
36-годишната мајка вели дека кога се родила Франческа била како 3D снимка со проѕирна кожа.
По дури 17 седмици минати во болница, 15 трансфузии на крв и операции со ласер, девојчето е живо и здраво и пуштено дома, на голема радост на родителите. Денес “малото големо” чудо има 6,68 килограми и одлично напредува, без никакви последици.