Бајден предизвика голема забyна: “Имам paк”

Американскиот претседател Џо Бајден ја разбранува јавноста во средата кога одржа говор за загадувањето и глобалното затоплување. Бајден објави дека има рак, поради што реагираше и Белата куќа.

Американскиот претседател (79) го коментираше загадувањето кое го предизвикуваат рафинериите за нафта во државата во која е роден и израснат. Бајден е од Клејмонт, Делавер, држава која долго време го држи црниот рекорд по бројот на заболени од рак.

„И поради тие рафинерии, јас и многу луѓе со кои пораснав, имаме рак, и затоа Делавер имаше највисока стапка на рак во нацијата долги години“, рече Бајден.

Портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс, на прашањето на „Њујорк пост“ дали американскиот претседател има рак, објасни дека пред да ја преземе функцијата претседател, Бајден имал неколку видови на рак на кожата, а кои биле третирани и отстранети.

Американската јавност е збунета од фактот дека Бајден го користел сегашното наместо минато време кога зборувал за ракот што го имал. Дополнителна конфузија е извештајот од неговиот лекар, д-р Кевин О’Конор.

Лекарот во извештајот напишал дека Бајден имал рак на кожата, но тој бил предизвикан од престојот на сонце без носење заштитен фактор, а не се споменува изложеност на хемикалии и загадување. Во младоста Бајден работел како спасител на базен поради што постојано бил изложен на сончевите зраци. Минатата година неговиот лекар во извештајот изјави дека „во моментов нема делови од кожата на претседателот што изгледаат сомнително“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.