Демократот Роберт Ф.Кенеди помладиот, активист против вакцините и потомок на една од најпознатите политички семејства во САД, се кандидира во трката за претседател на изборите во 2024 година.
Кенеди вчера поднесе изјава за кандидатура до Федералната изборна комисија, предизвикувајќи го актуелниот претседател Џозеф Бајден за номинација на демократите, објави АП.
Кенеди (69), внук на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди и син на неговиот убиен брат Роберт Ф. некогаш беше најпродаваниот автор на бестселер и застапник за заштита на животната средина.
Кенеди, сепак, стана еден од водечките гласови во движењето против вакцинацијата пред повеќе од 15 години, тврдејќи дека вакцините се небезбедни.
Експертите за јавно здравје, па дури и членовите на неговото семејство ја опишаа неговата работа како погрешна и опасна.