Празната батерија е најголемиот проблем во “современото време”. Каде и да одиме, внимаваме батеријата на мобилниот телефон да биде полна, а неретко со себе носиме и полначи. На сето тоа може да му дојде крајот.
“Apple” ја истражува можноста за безжично полнење на мобилните телефони и останатите уреди, преку Wi-Fi, пишува “Дејли Меил”.
Тенологијата подразбира користење на електромагнетни бранови на високи фреквенции кои до уредите се насочуваат со помош на посебни антени. Енергијата потребна за полнење ја произведува базна станица која воспоставува контакт со уредите.
– Идеата за безжично полнење е еден од приоритетите. Првите истражувања ветуваат многу, но потребни се и дополнителни истражувања, велат од “Apple”.
Ф.Г.