Баскет Турнир ‘’Гоце Делчев’’ 2017

Општина Прилеп организира тридневен баскет турнир кој ќе одбележи 144 години од раѓањето на најголемиот револуционер Гоце Делчев во кој сите љубители на кошарката ќе се соберат на едно место каде ќе има многу дружење, забава и натпреварување.

plakat 12

Турнирот ќе се одржи од 10-ти до 12-ти февруари со спортската сала СОУ “Ристе Ристески Ричко”.

Учеството на турнирот е бесплатно и може да учествува секој, без ограничување. Екипите ќе бидат распоредени во две категории: едната категорија до 18 години, а во втората над 18 години.

БРОЈ НА ИГРАЧИ ? Секој тим брои 4 играчи. Играчите кои се заведени во формуларот за време на пријавувањето се единствени играчи кои можат да играат за тој тим. Секоја игра може да започне со доволен број на играчи односно по 3 играчи на тим.

ПРАВИЛА НА ИГРА? Еден кош се вреднува (1) поен. Кош постигнат зад линијата за три поени се вреднува (2) поени. Сите натпревари ќе се играат на до 16 поени (или 15минути). Пред започнувањето на играта се фрла паричка за да се одреди кој тим ќе ја отвори играта. Секој тим ќе има дозволени (5) фаули. После 5тиот фаул се пристапува кон изведување на слободни фрлања.

РАЗМЕНА НА ТОПКА? Топката се разменува после секој постигнат поени или слободни фрлања.

ВРЕМЕ НА ОДРЖУВАЊЕ ? Секој тим ќе добие распоред на натпревари во кој треба да биде спремен да одигра во определено време.Тимовите кои ќе задоцнат 15 минути ќе го загубат натпреварот.

Резултатите, групите и распоредот на натпревари ќе се објавува на Facebook страницата ,,Турнир во баскет ‘’Гоце Делчев’’.

Oва е втората сезона на една баскет приказна во која што Општината Прилеп ја започнаа со цел да се зголеми рејтингот на баскетот во градот како и водењето на здрав начин на живот во духот на баскетот.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.