БАНКАР РОБИН ХУД: Земал од богатите и им давал на сиромашните, а сега остана без ништо

Meнаџерот на една италијанска банка, Џилберто Баскијера, кој ги ограбувал богатите клиенти за да им дава на сиромашните, избегна затворска казна од две години, но ја изгуби работата и куќата.

Баскијера, кој веќе беше наречен “Италијански Робин Худ”, за седум години зел околу еден милион евра од сметките на богатите клиенти и парите ги префрлил на сметките на оние кои не исполнувале услови за кредит.

За себе не зел ниту еден цент, а казната му е изречена после спогодба со обвинителството.

Бидејќи тоа му бил прв прекршок, казната затвор е релативно кратка, па во склад со законот нема да мора да оди во затвор. Меѓутоа, во меѓувреме тој ја загубил куќата и работата.

За време на економската криза во 2009 година, на луѓето кои доаѓале и барале кредит, а не ги исполнувале условите, Баскијера им додавал пари на други сметки, за да можат да добијат кредит.

Благодарните клиенти се соласувале да ги отплатат парите што побрзо, но некои тоа не го правеле, поради што Баскијера е откриен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.