Банкар од Прилеп си го зголемувал лимитот на својата и на картичките на неговата сопруга и мајка

-СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(35) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување’’. Пријавениот, во својство на службено лице во банка во Битола, во неколку наврати вршел неовластено зголемување на лимитите на неговата кредитна картичка и специјален лимит, како и зголемување на лимитот на неговата сопруга, а извршил и незаконско зголемување на својот имот и имотот на неговите сопруга и мајка, односно за себе и за нив овозможил да се стекнат со вкупна материјална корист од 657.400 денари, информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.