„Придобивките“ од Преспански договор на своја кожа ги почувствува келнерка од Македонија, вербално нападната од грчка банкарка во хотелот „Моиган сан“ во американската држава Конектикат поради своето потекло – пишува порталот “Eкспрес.мк”.
Ненси Папајоану, претседателка на Атлантик банк, со своите пријатели седнала во барот покрај хотелскиот базен и дошла келнерката на чија плочка на кошулата покрај името стоело и името на земјата од која доаѓа – Македонија. Гркинката укажала на „грешката“ на натписот, велејќи дека Македонија е грчки регион и се повикала на Преспански договор, според кој употребата на новото име Северна Македонија е задолжително и дома и на меѓународно ниво.
Потоа, како што раскажува Папајоану за неделникот на грчката дијаспора „Нешенел хералд“, келнерката заминала и повеќе не се вратила, а дошла нејзина колешка и ѝ рекла на банкарката дека менаџерот наредил да не ја служат понатаму поради тоа што ѝ ги повредила чувствата на келнерката од Македонија и ја расплакала. Додека гостинката објаснувала дека не се однесувала и зборувала лошо со келнерката, покрај нејзината колешка имало уште еден работник на чија плочка исто така пишувало дека е од Македонија.
Целиот текст прочитајте го ТУКА