Eдно од најголемите музички имиња на Балканот, Aдил Максутовиќ, синоќа во ексклузивниот летен ресторан на “Ла каса гранде – Премиум”, пред голем број посетители одржа незаборавен концерт.
Гостите имаа можност да уживаат во прекрасните балади и милозвучниот глас на Адил, кој важи за еден од најголемите романтичари на поранешните екс ЈУ простори.
“Не могу без тебе”, “Синови туге”, “Љуби ме по сечању”, “Од усана до стопала”, “Лаку ноч”, “Хитно”, “Маскенбал”, “Нико ме нема”, “Не дижи руку на нас”, “Веруј у нас”, “Моје си небо и многу други хитови, беа само дел од хитовите кои Адил ги запеа пред присутната публика.
Летниот ресторан на салата за свадба “Ла Каса Гранде – Премиум” во Прилеп е посебна приказна, па тоа беше причина плус да се бара карта повеќе и да се ужива во прекрасниот амбиент и уште подобра музика.
Погледнете само дел од атмосферата: