Балетот за него е свет каде ги изразува своите чувства и емоции: Веселин Трајковски од Прилеп е вистинска инспирација (Видео)

Веселин Трајковски е 17-годишен балетан oд Прилеп, момче кое цврсто сонува и работи да стане познат во балетот.

Учи во средното училиште “Илија Николовски-Луј” во Скопје, а љубовта кон танцот му се развива од најмала возраст.

“Главните виновници за тоа беа моите родители. За да не го потиснам талентот и љубовта кон танцувањето, моите родители решаваат да ме запишат во студио за танцување. Таму тануцував 7 години. Дојде и периодот за одлука на средно образование, па решавам да се запишам во средното балетско училиште отсек класичен балет”, вели Веселин.

За него вели дека балетот претставува свет во кој се пронаоѓа и свет каде може да ги изрази своите чувства и емоции.

“Балетот го гледам како моја професија, во која ќе се надоградувам во животот. И како за крај сакам да кажам во овој момент на невреме е малку тешко да се мотивираш, oсобено кога не си таму каде што треба да бидеш, а тоа е балетска сала. Но, сепак на ова гледам како минливо и тоа ме теши. Мојата цел е веќе на сите добро позната, а тоа е да станам првенец во балетот”, додава Веселин.

Во продолжение погледнете едно инспиративно видео, кое е дело на младиот камерман Андреј Златаноски од Прилеп, а во главна улога е Веселин Трајковски:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.