Сол и лимон против дамки од црно вино
Бабите знаат како да ја сочуваат белината на алиштата, да ги отстранат дамките и да ги негуваат нежните ткаенини. Постојат трикови за отстранување.
1. Дамката од чоколадо истружете ја од ткаенината, а потоа поминете ја со алкохол и детергент.
2. На дамката од црно вино ставете малку сол и 10 минути тријте го директно на ткаенината. Потоа отстранете ја солта и исчистете со лимон или раствор од лимон.
3. Дамките од лепилото исчистете ги со сол, а потоа исперете со детергент.
4. Восокот отстранете го така што прво ќе го истружите од материјалот, а потоа поставете весник и со помош на пегла, отстранете го останатиот восок.
Сочувување на бојата од ткаенината.
1. Спречете го пуштањето на бои во машината за перење алишта на тој начин што при првото перење ќе додадете малку оцет.
2. При перењето на шарени алишта мешањето бои можете да го спречите со додавање малку сол.
3. Дамките од ткаенините кои не пуштаат бои можете да ги отстраните со мешавина на 15 гр, сол и половина литар шпиритус.