Швајцарска група пацифисти соопштија дека 86-годишна старица е уапсена во Берн поради испишување на графити.
Бабата со спреј испишувала графити на Швајцарската национална банка, што било дел од кампањата за повлекување на државното финансирање на продавачите на оружје. Политичкиот секретар на “Групата за Швајцарија без оружје” Јунис Муса, истакна дека Луис Шнајдер е пуштена неповрдена по апсењето во Берн.
Таа е уапсена за време на демонстрацијата во која се бара државата да не се меша во договорите за вооружување.
Ф.Г.