Ајде МАКЕДОНИЈО да помогнеме сите! Татко на три деца од Кичево и поранешен припадник на МВР боледува од мултиплекс склероза!

Сите луѓе имаат многу желби, а болните само една „да оздрават“

Вербата во Бог треба да не мотивира на дела!

Да се биде хуман е нешто непроценливо…

Овој човек секогаш бил хуман, а сега истиот има потреба од нашата хуманост!

Игор Петрески кој со своето семејство живее во Кичево боледува од „Мултиплекс Склероза“, болест на нервниот систем која за жал прогресира и во моментов Игор е во инвалидска количка.

За таа цел потребно е да се изврши интервенција со матични клетки во соседна Србија, Белград потточно во „IM CLINIC“ каде за тој медицински зафат се потребни 18.600€

Третманот со матични клетки Фондот за Здравство не го покрива бидејќи станува збор за алтернативно лекување.

Да му помогнеме на Игор кој е сопруг на жена-херој Марија и татко на 3 малолетни златни дечиња, исто така беше и службено лице во редовите на МВР.

Да му помогнеме за конечно да застане на нозе и повторно да му се насмевне на животот! ?

Од денес се активни и донации преку:

☎️ Т-Mobile: 143106

☎️ VIP: 143600

Со секој ваш повик, донирате 100 денари.

Или директно на денарска сметка:

250-0320004052 – 59

Шпаркасе Банка

Име и Презиме: Игор Петрески

Да бидеме хумани, да помогнеме, сме покажале и да покажеме повторно дека сплотено и здружено можеме како и секогаш да помагаме кога е најбитно!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.