Легендите на колумбискиот фудбал вечерва го следеа натпреварот на нивната репрезентација против Полска на стадионот во Казањ.
Се работи за познатите фудбалски имиња од 90-тите години на Колумбија, голманот Рене Игита и играчот од средината на теренот Карлос Валдерама.
Тие ја бодреа репрезентацијата чии бои ги бранеа во минатото.
Сега веќе во поодминати години, но со истиот препознатлив имиџ, Игита и Валдерама имаа можност да се израдуваат на убедлива победа од 3:0 над Полска.
Со овие три бода се отвара патот за Колумбија, која во третото последно коло од групната фаза во дуел против Сенегал ќе одлучува за својот понатамошен престој на Светското првенство.