Аца Лукас банкротираше, извршители му го запленија имотот

Пејачот Аца Лукас е во големи проблеми поради долгот кој се уште го нема исплатено, а поради кој Марина Туцаковиќ и нејзиниот сопруг го имаат тужено. Извршителите веќе тропнале на негвата врата за да му запленат имот, а во целата приказна најлошо поминала Соња Вуксановиќ затоа што Аца се уште е пријавен на адресата на која што живее таа.

Бидејќи Соња им објаснила дека се во куќата е нејзино, извршителите барале да им приложи документација дека таа купила се во домот. Бидејќи ги немала потребните документи, тие почнале да го запленуваат мебелот, при што Соња со плачење веднаш му се обратила на Лукас и барала од него да ја среди целата ситуација.

Инаку долгот изнесува 100 илјади евра, а Марина Туцаковиќ неодамна призна дека и покрај тужбата со пејачот се во солидни односи и се уште работат заедно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.