За да се дограби до власт, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е подготвен да ги прогласи Македонците и Србите за геноцидни народи, а партизаните и нивната партија за извршители на геноцидот. Со целосното исполнување на Тиранската платформа, документ со кој директно се поништува Охридскиот рамковен договор, а во чија содржина е сместена и декларацијата за геноцид, Заев е подготвен да ја промени целосно историјата на сопствениот народ само за да формира влада по секоја цена, пишува Република.
Со прифаќањето на овој исклучително опасен документ, од една страна ризикува сериозно нарушување на односите со северниот сосед, кое може да се искористи дури и како повод за објавување војна, а од друга страна го брише идентитетот на сопствениот народ, давајќи им можност на Албанците да тврдат дека како староседелци на овие простори биле жртви на Србите и на мештаните.
Досега Заев и Соросовите медиуми упорно ја релативизираат опасноста од резолуцијата негирајќи дека двете држави ќе бидат обвинети за геноцид. Сепак, исто така во повеќе наврати тој признава дека таква резолуција е договорена со ДУИ без директно да каже кого планираат да обвинат за геноцидот.
– Таму има една формулација, каде што се осудуваат војски од минатиот век, коишто убивале цивилно население. Нема ништо лошо во тоа. Некои алудираат дека тоа биле српски војски, некои викаат дека биле германски, некои италијански, некои бугарски војски, за времето на фашизмот, вторите балкански војни и слично, изјави Заев во интервју за ХРТ.
Тоа што Заев одбива да и го признае на македонската јавност, јасно и гласно го кажува Ахмети уште пред шест години во интервју по повод десетгодишнината од Охридскиот рамковен договор.
– Поделеноста меѓу Албанците и Македонците почна во 1913 година. До 1913 година немаше судири меѓу Албанците и Македонците. Во 1913 година во Македонија влезе српската војска на српско–словенечко–хрватското кралство. Што се случуваше, за илустрација ќе го земам селото во кое живеам јас. Во 1913 година во селото Зајас беа масакрирани стотици луѓе. 1913 година мештаните само помагале, што многу ги зачудило Албанците како можело да сеслучи една таква работа кога ние сме живееле во добрососедство сме живееле заедно, заедно сме ги делеле маките. Затоа се прашувале зошто сега нѐ убиваат кога дојдоа Србите. Тоа влијаеше многу лошо на македонско–албанските односи, вели Ахмети во интервјуто.
–Понатаму во 1945-1946 година само во моето село биле егзекутирани стотици луѓе без пресуда со изговор дека тие биле соработници на нацифашизмот. Тие кои биле балисти или тие кои биле колаборационисти побегнале, некој побегнал во Америка, некој во Турција и државата не можела да ги фати. Таму останало невино население. Голем дел од моето село Зајас биле егзикутирани без пресуда и биле фрлени во масовни гробници. Сето тоа е сторено од месни жители кои биле Македонци. Доколку во 1913 година тоа се случи од српските војници, во 1945-46 година тоа се случи од мештаните, додава Ахмети.
Со прифаќањето на скандалозната резолуција која е наметната како еден од условите на албанските партии за да му ги дадат потписите на Заев да формира влада, длабоко се навлегува во менување на историјата на државата, претставувајќи ги партизаните како окупатори, а потоа и извртувајќи ја реалноста дека Македонците се виновни за процентуалната застапеност на Албанците во земјата, пишува порталот.
Притоа балистот Џемаил Хасани, познат како Џемо Хаса, Џемо Балистот, или Џемо Симница, платеник на италијанските фашисти познат по зулумите врз македонскиот народ, преку ноќ ќе стане херој, на исто ниво со борците од НОВ и со илинденците. Со промената на химната можеби ќе се најде во некој стих рамо до рамо со Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Јане Сандански.
Ваквата тенденција и барање на етничките Албанци во Македонија, има тенденција за набивање на чувство на вина кај Македонците за некаков геноцид, како основна причина за нивната малобројност во државата. Всушност, резолуцијата ќе се употреби за да се претстави уставотворноста на Албанците како неминовност. Оттука, и актуелните барања за изедначување на двата народи во една „демократска“ бинационална двојазична држава би била реалност.
Намерите на Заев, Ахмети и нивните налогодавачи се прочитани од народот. Стотиците илјади луѓе на улиците јасно им порачаа дека не отстапуваат од барањата за повлекување на Тиранската платформа. Секој обид за нејзино насилно внесување во Собранието и озаконување ќе биде спречено по секоја цена!, пишува Република.