На завршниот митинг Демократската Унија за Интеграција кој се одржа вечерва во македоската Филхармонија, нејзиниот претседател Али Ахмети го повика неговото гласачко тело да гласа за нивниот таканаречен консензуален претседателски кандидат, Стево Пендаровски, затоа што со тоа ќе овозможат за пет или десет години и Албанец да биде Претседател на државата.
– И претседателот на Собранието е избран преку консензуалниот концепт, преку разбирањето и дијалогот. Така мислиме во иднина и претседателот на државата, преку дијалогот и помирувањето, преку договорите да се реализира како една цел, како една аспирација, но и демонстрација за сите граѓани во оваа држава дека господар во оваа држава се и Албанците и дека претседател на оваа држава може да биде и Албанец. Но ова доаѓа преку еден процес кој се вика консензуалност. И ние им служиме на една филозофија, еден концепт што после пет, десет години да стане реалност, рече Ахмети во неговото обраќање.
Образложувајќи го нивниот концепт, меѓу другото, Ахмети додава не случајно инсистирале во Охридскиот мировен договор, консензуалната демократија да биде една од точките со посебна важност, со цел да го спречат мнозинството да носи одлуки на штета на оние кои немаат мнозинство во Собрание или во друга институција.
– Ние пред електоратот поставивме еден концепт, концепт за кој бевме свесни дека ќе наиде на сопстеви потешкотии, дека има дебата, дека може да има и несогласувања. Електоратот на Демократската Унија за Интеграција се движи од 100 до 150 илјади, и секак не може сите да бидат на една мисла, но бевме убедени дека мнозинството од овој електорат, на тие луѓе што ние ги застапувавме го прегрнуваат консензуалниот концепт како едно многу големо и важно постигнување за Албанците во Република Северна Македонија, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Извор: kurir.mk