Аукцијата започна? Еден глас 1000 денари

Деветнасетгодишник од каменичкото село Цера, денеска во полициската станица во Македонска Каменица пријавил обид за поткуп за глас, за што, како што стои во полициското соопштение, му биле понудени 1 000 денари во партиски штаб во Македонска Каменица, пренесува инфомакс.

„Според пријавата, момчето непосредно пред пријавувањето било повикано во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, каде од страна на В.В. од Македонска Каменица му биле дадени 1 000 денари за да гласа за кандидатот за градоначалник од таа политичката партија“, информираат од полицијата.

За случајот, како што се дополнува во полициското соопштение, известен е јавен обвинител, а В.В. е повикан во полициското одделение Македонска Каменица. Изборниот поткуп е кривично дело по член 162 став 1 од Казнениот законик на Република Северна Македонија.

По документирање на случајот најавен е соодветен поднесок од страна на полицијата.

Извор: infomax




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.