Фолк пејачката Елена Велевска важи за една од најпродуктивните пејачки кај нас, секој свој нов проект го работи темелно, маркетиншки одлично, креативно и иновативно, па така беше и овој пат.
Имено таа на публиката и го подари видеото за песната “Говорот на телото”, за кое сценариото сама го сработи со својот тим, а режисер е Бане Поповиќ.
Позитивните коментари, реакции не стивнуваат, а Велевска споделувајќи го видеото го напиша следното:
“Драги мои,
Сите знаеме дека добрата песна нема рок на трање, секоја песна има творци и кога е презентирана на широката јавност, но дали истата ќе остане да живее и ќе остави трага- нема правила. На многу песни им е посветено вниамие, но не станале хитови. Добар дел неправедно биле недоволно промовирани, но и после долги години се пеени, препејувани и обновувани. „Говорот на телото” од првиот ден го имаше внинамието, ама секогаш имав впечаток дека песната не го добила тоа што го заслужува секоја добра песна во ова модерно време на екранизација. Можеби и подобро е токму сега кога видео-записите кои, иако се направени од вистинските мајстори на својот занет, знаат да ја пренесат душата на песната низ подвижни слики… Не го следевме трендот на повторно снимање на песната бидејќи оргиналната верзија ја има душата која и после 17 години, ќе речат нескромно е, но навистина парира на денешната продукција. Единственото што недостасуваше за песнава да биде комплетна е видео-запис кој во моментов Ви го презентираме (да, множина, бидејќи цел тим стои зад ова парче), а воедно сме горди што токму „Говорот на телото” е првото вертикално видео за песна од Фолк етерот”.
Нам не ни преостанува ништо друго,сем да упатиме честитки и да и дадеме мотивација да продолжи понатаму со нови проекти.
Уживајте во продолжение: