Астероид со големина од 600 метри денес ќе помина многу блиску до Земјата, но тоа нема да претставува никаква опасност за нашата планета, објави НАСА.
– Иако нема никаква опасност, вселенското тело со толкава големина ќе помине многу блиску – стои во соопштението на вселенската агенција.
Астероидот наречен 2014-ЈО25 има големина од 650 метри и ќе помине околу 1,8 милиони километри од Земјата, што е 5 пати поблиску во однос на оддалеченоста на Земјата од Месечината.
Последен пат астероидот 2014-ЈО25 поминал покрај Земјата пред 400 години, а по ова поминување “ќе се врати” околу 2600 година.
Ф.Г.