“Артан Груби заборави дека зеленото копче беше и за независна Македонија во 1991, но тогаш тие бојкотираа??”

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби вчера пред пратениците зборуваше зошто треба да се даде поддршка на ратификацијата на Договорот со Грција

-Животот те учи дека одлуките треба да ги донесеш во вистинските време, не доцна, туку точно на време. Денес е време за најбитната одлука за нашата заедничка иднина. Денешната одлука ни овозможува иднина на нас и на генерациите по нас, ни носи датум за преговори со ЕУ и покана за полноправно членство во НАТО, кажа од говорницата Груби.

-Три копчиња пред вас, зеленото е за сите оние што ја сакаат Македонија, тоа го правиме за нашите деца, за иднината, не за да не пишува во учебниците по историја. Црвеното и жолтото, но и бегањето од одговорност е непрмиерно да го покриваш лицето со маска кога се крои иднината на твојата земја. Секој од нас ќе го памети овој ден, порача меѓудругото пратеникот од ДУИ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.