Одбранбениот фудбалер на Волфсбург и на репрезентацијата на Швајцарија, Рикардо Родригез, рече дека би можел да се пресели од Германија, а заинтересиран е Арсенал.
„Топџиите“ се обидуваат да го доведат Родригез во своите редови, а од Волфсбург се подготвени да му овозможат преселба.
„Желбата му е да се пресели и можеме да се согласиме со одлуката на Родригез“, вели првиот човек на бундеслигашкиот клуб.
Откупната клаузула на Родригез е 25 милиони евра, а фудбалерот истакнува дека е посветен на настапот на ЕУРО.
„Би можел да настапувам за Волфсбург, како и да се преселам во друг клуб“, наведува искусниот Швајцарец.
Ќе биде интересно доколку настапува заедно со колегата од репрезентацијата Гранит Џака, кој веќе е дел од „Емирати“.