АРМ денеска слави 30 години постоење

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи централната свеченост по повод Денот на Армијата на Република Северна Македонија, која оваа година одбележува 30 години од формирањето.

По повод Денот на Армијата обраќање ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На свеченоста претседателот Пендаровски ќе додели одликувања и ќе бидат соопштени Укази за произведување во генералски чин.

Министерката Петровска на командантот на националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт ќе му врачи признание за досегашната поддршка и соработка.

Јубилејната свеченост ќе се реализира со свечено дефиле на ешалони составени од припадници на сите команди и единици на Армијата, а ќе бидат претставени и штотуку добиените лесни оклопни возила и други современи средства со кои располага Армијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.