Аргентинските медиуми пренесуваат дека според првичните проценки, околу 48 милиони луѓе во Аргентина и Уругвај останале без електрична енергија.
Денес, околу 7 часот по локално време, поради пад на електричната мрежа во Аргентина и Уругвај, како и делови од Бразил и Парагвај останаа без електрична енергија. Големиот дефект резултираше со застој во железничкиот сообраќај, а во поголемите градови настанал вистински сообраќаен хаос со оглед на тоа што сите семафори и метро станици престанале да работат.
Se acerca el fin del mundo!!!! #SinLuz pic.twitter.com/zt8yjNtVoY
— Gonzalo ? (@GonxArg83) June 16, 2019
Засега нема официјални информации зошто се случи толку голем проблем кој остави во мрак дури 48 милиони луѓе во Аргентина и Уругвај.
Во Аргентина без струја останале повеќето од поголемите покраини, вклучувајќи го и главниот град Буенос Аирес. Инаку, интересно е тоа што во оваа земја денес се одржуваат локални избори.
Ahora en Boedo se ve como CABA está sin luz, aún no hay información oficial de @OficialEdesur . Estoy esperando al medicio a domicilio por mi hija de 2 años con 39 de fiebre. Vivo en un 9° piso. #SINLUZ #APAGON pic.twitter.com/aTFYbU2cDL
— Nicolás (@NicRigl) June 16, 2019
#CorteDeLuz the Walking Dead version patagonia #Neuquen pic.twitter.com/i7300YNk5z
— • César Vallejos⑫ ™ (@Vallejosac) June 16, 2019