На 10.01.2023 на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.Е.(25) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 10.01.2023 на крстосницата од улиците „Мице Козар“ и „Круме Волнароски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Б.П.(32) од Прилеп и Е.И.(30) од с.Алданци, затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја.
По документирање на двата случаи, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.