Апсурд: “Дали разрешен директор на ЈП, сега е координатор на Јавни претпријатија во Општина Прилеп??”

Јавното комунално претпријатие “Комуналец” Прилеп на стартот од Новата година доби нов вршител на должност.

На местото на досегашниот директор Ѕвонко Јованоски, беше именувана е Ирена Станковска, која зад себе има дваесет годишно работно искуство, а на оваа позиција доаѓа од раководното место во Секторот за финансии во Локалната самоуправа.

Според информациите, досегашниот директор Јованоски, ќе биде имануван за советник во Локалната самоуправа, во делот на координација со јавните претпријатија.

Тој на позицијата директор во ЈКП “Koмуналец” беше една година.

Јованоски во неколку наврати преку прес-конференции информираше дека ЈКП “Комуналец” за една година станало пример од јавно претпријатие во државата.

Меѓутоа и покрај тоа, Јованоски беше променет од вршител на должност.

Се поставува прашањето, како може да биде променет, а истовремено да биде поставен за координатор на јавните претпријатија?

Иако од општина Прилеп сеуште нема објаснување зошто е променет директорот на ова јавно претпријатие, според логика на нештата директор се променува кога тој не покажал резултати во работата или направил некоја голема грешка….

Сепак, кога СДСМ и нивните кадри се во прашање, народот се навикна да гледа ситуации во кои за нивните екс директори, министри, раководители, се измислуваат нови и нови работни места, а сето тоа на сметка на обичниот граѓанин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.