-На 16.06.2023 на ул„8 Септември“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода Д.П.(24) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
-На 15.06.2023 на ул.„Сремска“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Б.М.(23) од с.Беранци, битолско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По документирање на двата случаи ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.