Рускиот град Таганрог целосно го прекриле комарци!
Локалното население ја доживува оваа наезда како апокалиптична закана!
Комарците имаат направено слој од два центиметри по патиштата, што може сериозно да го загрози сообраќајот.
Меѓутоа, експертите тврдат дека се работи за билни комарци кои не се опасни за луѓето, а живеат од два до пет дена и произведуваат специфичен звук.
Од друга страна, наездата од овие комарци гарантира добар риболов, затоа што нивните ларви се користат како мамец.
Погледнете: