Аплицирајте за универзетска летна пракса во Битола – Можност за едномесечен платен ангажман во општината и јавните претпријатија за 40 студенти

Втора година по ред, Општина Битола во соработка со Универзитетот „Свети Климент Охридски“, објавува јавен повик за универзитетска летна пракса, со цел збогатување на практичните вештини на студентите и стекнување искуство во реалниот сектор. Можност за практикантска работа во одделенијата на општината и во дел од јавните претпријатија, за период од 1 месец, ќе имаат 40 студенти, распоредени во месеците јули, август и септември, за што ќе добиваат месечен надомест од 10.000 денари. Средствата за оваа намена, во висина од 500.000 денари, планирани се во буџетот на Општина Битола, преку Програмата за спорт и млади.

За да може да аплицираат на јавниот повик за универзитетска летна пракса, студентите, потребно е да достават CV, мотивационо писмо, потврда од факултетот за запишан летен семестар и своерачно потпишана изјава дека ќе ги почитуваат правилата кои важат во институцијата и дека ќе се однесуваат совесно и одговорно.

Документацијата се доставува во електронска форма на мејл адресата [email protected], најдоцна до 15 мај 2024 година.

Универзитетската летна пракса, за првпат беше воведена минатата година, на иницијатива на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и ректорот на универзитетот, Проф. Д-р Игор Неделковски, а резултираше со успешно завршување на практичната работа од страна на 30 студенти од битолскиот универзитет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.