Голем број од улиците во Прилеп изгледаат како полигони после боево гаѓање, па веруваме дека со една ваква иницијатива ќе ги поттикнеме надлежните да излезат на терен и ќе им укажеме на кои места состојбата е најкатастрофална.
Апелираме до сите граѓани да ни испраќаат фотографии и видеа од дупките и проблемите со улиите во нивните населби кои секојдневно им го отежнуваат движењето.
На ваков начин веруваме дека проблемите побрзо ќе се решат, а граѓаните ќе можат непречено да се движат и да не ги оштетуваат своите автомобили.
Пред неколку дена до нашата редакција беше испратено видео од мостот во населбата “Сточен пазар” кој се наоѓа во катастрофална состојба.