Апел: Ако ве искасал чопор, да се пријавите во oпштина

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека започнува примената на Упатството за начинот и правилата на утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња.

Со примената на ова Упатство, се овозможува граѓаните кои претрпеле штета од каснување од бездомни кучиња на јавни површини на подрачјето на Општина Прилеп, да поднесат барање за надомест на штета и да пристапат кон постапка за спогодбено решавање на случајот.

Постапката се спроведува преку формирана Комисија, која врз основа на доставената документација и утврдената фактичка состојба предлага висина на надоместок, по што на барателот му се доставува спогодба.

Ги повикуваме сите граѓани кои имаат претрпено ваков вид на штета, да поднесат Барање со потребната документација преку Архивата на Општина Прилеп.

Образецот за поднесување на Барањето е достапен:

-во Архивата на Општина Прилеп
-на официјалната веб страница на Општина Прилеп

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Општина Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.