Новиот пратеник од редовите на Левица, Димитар Апасиев, на својот Фејсбук профил ѝ порача на министерката за одбрана Радмила Шекеринска „да оди во пи*ку матер, од Карпалак, па лево“.
Статусот на Апасиев доаѓа откако Шекеринска како министер за одбрана не се појави на одбележувањето на 19-годишнината од загинувањето на десеттемина прилепски бранители на Карпалак.