Апасиев: Утре дојдете масовно пред Влада! Ќе го посетиме и Пендаровски, а ќе има и уште едно изненадување! (Видео)

Врие Македонецот, ова е премногу што ни се случува и народот веќе не може да трпи такво политичко предавство, рече лидерот на Левица, Димитар Апасиев во изјава за Канал 5 телевизија, денеска пред Собранието на Република Македонија.

-Еве да ви го кажам сценариото, утре ќе го поминат на Влада ( францускиот предлог) и ни треба масовност, значи ги повикувам сте граѓани утре да дојдат пред Влада, планираме да го посетиме и претседателот Пендаровски и планот Б кој го има Левица ќе го соопштиме веднаш после усвојувањето.

Мислам дека тие не го очекуваат тоа, ќе сакаат да го поминат на Собрание, и мислам дека шверцератот на Талат Џафери ќе си го направи своето, мислам дека нема да го пуштат на комисија, знаат дека таму ќе има тепачки ќе го тават на пленарна седница, тоа ќе трае неколку дена.

Го повикувам секој свесен македонски граѓанин да биде пред Собрание додека трае расправата по овој предавнички предлог.Дури и да го донесат предлогот тоа не значи ништо, немаат двотретинско мнозинство да го променат Уставот, а и да имаат ние им подготвуваме план Б со една правна операција која ќе ја соопштиме во вторник среда.

Уште еднаш апел: ДОЈДЕТЕ ВО ШТО ПОГОЛЕМ БРОЈ УТРЕ ПРЕД ВЛАДА КОГА СЕ НОСИ ОВОЈ КВИСЛИНШКИ ПРОТОКОЛ, со кој ние се обезмакедончуваме, стануваме Курди. Не дозволувајте за вас да одлучуваат корумпирани политичари, рече Апасиев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.