Димитар Апасиев од Левица во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека следен чекор ќе биде федерализација, односно кантонизација на Македонија.
Според него, ЕУ е антимуслиманска и сака да се подели Македонија, за делот населен со доминантно муслиманско население да остане надвор од ЕУ.
-ЕУ му испорачува на СДСМ и Заев за измеќарлукот, за двојазичноста, за федерализацијата. Тоа е Тиранската платформа. Не само Беса, која и да е од албанските партии. Следниот чекор е кантонизација на Македонија, тоа Заев им го има ветено. Затоа граѓаните нека си пазат на кого го даваат својот глас, рече Апасиев.