Апасиев: “Власта овозможи нови 70.000 Косовари да станат државјани на Македонија!?”

Професорот Димитар Апасиев на Фејсбук открива нов пеколен план за вештачки етно инженеринг во очи на пописот кој Зоран Заев го најави за следната пролет.

Мнозинството на власта усвои контроверзни измени на Законот за државјанство со кои се овозможува нови 70 илјади косовари да станат државјани на Македонија.

-До каде (ќе) оди забеганоста на СДС?

Вчера, само за да си обезбеди кворум за изгласување на дневен ред, владејачкото мнозинство го усвои шовинистичкиот предлог на Алијанса и Алтернава за контроверзни измени на ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО – по скратена постапка, со кој, на вештачки начин, се овозможува нови 70.000 Косовари да станат државјани на Македонија!

#СтопЗаВештачкиотЕтноИнженеринг, пишува Апасиев.

Премиерот Зоран Заев изјави дека април 2021 е месецот во кој Заводот за статистика ќе го спроведе пописот на населението. Заев запрашан дали по резултатите треба да се отвори Уставот, рече дека пописот на населението и резултатите од него никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор или слично.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.