Апасиеви го продаваат автомобилот, не е “Мајбах” ниту “Бeнтли” како од Заеви?

Деновиве неочекувано многу се зборуваше и пишуваше за тоа што вози претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев. Неговиот автомобил Алфа Ромео беше тема на разговор и претставен како “лукзуз” во кој ужива новоизбраниот пратеник во Собранието на Македонија.

И неговата сопруга, Тамара Јованов не остана имуна на овие случувања, па и таа на својот профил на фејсбук објави:

“Ако сакате да ви ја продадеме Алфата, зашто гледам дека се’ неа ја зборите. Ќе ви ја дадеме за 2000е, оти се подрасипува чат-пат, ама инаку е коска.

Па ние ќе си купиме друга (евентуално пак за 3000е), за да има за што да си правите муабет и за некое време, а и ние со што да се возиме, кога не не’ собира на точак сите четворица. Пс. За морализатори има посебен круг во пеколот”, напиша Тамара на својот Фејсбук профил.

Претходно со коментар се јави и самиот Апасиев, кој напиша:

“Само АЛФА мажјак вози Алфа Ромео на жена му”.

За разлика од Апасиеви, медиумите во минатото пишуваа дека членови од потесното семејство на Зоран Заев се возат во луксузни автомобили како: Бентли, Мецедес Мајбах и слично…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.