Анонимен голман ги уништи Росонерите: Чувар на мрежата за кој досега не сте слушнале им ги искина живците на миланезите (ВИДЕО)

Пиетро Терачано денеска е најчесто споменуваното име во Италија, затоа што токму овој голман е главна фудбалска ѕвезда во ремито помеѓу Емополи и Милан кое се одигра синоќа.

Фудбалерите на Емполи и Милан одиграа нерешено 1:1 во последниот меч од шестото коло во Сериа А.

Гостите поведоа во 10-та минута со автоголот на Капеци, а изедначувањето пристигна во 71-та со голот на Капуто од пенал.

Но, ѕвезди на овој меч не се фудбалерите кои ја погодуваа мрежата, туку голманот на Емполи Пиетро Терачано.

Дали некогаш сте го слушнале неговото име?

Ночерина, Милако, Катанија, Авелино и Саленитана се клубовите за кои има настапувано овој анонимен чувар на мрежата.

Пиетро (28) од синоќа во Италија е вистинска фаца, тој им ја украде победата на “црвено-црните”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.