Според анкетата на еден од највлијателните медиуми во САД, предноста на Хилари Клинтон е преполовена. Според претходните анкети кои ги правеше CNN, до 9 Август Хилари ја поддржувале 42 % од американците додека Трамп имал 32 % поддршка.
Последната анкета која се спроведувала во време од 9 до 30 Август покажала сосема други резултати. Всушност Хилари остана со тие 42% поддршка но ситуацијата се промени кај Трамп. Според оваа анкета Доналд Трамп има 37 % поддршка од американците.
Според политичките аналитичари во САД, ова е една од најрелевантните анкети кои се спроведуваат за време на избори и најчисто ја покажува политичката слика во државата.
Причината за намалувањето на поддршката на Хилари, веројатно се негативните информации поврзани со нејзиниот e-mail.